Сашко Пандев се наоѓа во финални преговори за трансфер во германскиот второлигаш Минхен 1860. Братот на нашиот најдобар фудбалер до крајот на неделава треба да го официјализира трансферот во тимот од Германија.
"Сашко е пред трансфер со Минхен 1860, а во Германија денеска заминува и Горан", коментира Ристо Пандев, таткото на нашите репрезентативци.
Според она што го дознавме покрај Минхен 1860 за услугите на малиот Пандев интерес имало и од Кајзерслаутерн.
Сашко Пандев е фудбалер на Динамо Загреб, кој во сезоната која заврши настапуваше како отстапен играч во Интер Запрешиќ и Меѓумурје.
Сепак, ова лето Пандев би можел да заврши на новиот стадион "Алијанц арена". Сите очекуваа тоа да биде Горан Пандев, кој беше во сериозни преговори со Баерн Минхен, но од тој трансфер нема ништо.
Според последните најави, Горан Пандев до јануари би останал во Лацио, а потроа заминува во Тотенхем или Њукасл.
Sinngemäß heißt es wohl das er sich bis ende der Woche zwischen 60 und Lautern entscheidet. ist der Bruder von Goran Pandev (Lazio Rom)
http://www.idividi.com.mk/sport/fudbal/447078/index.html